– Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Шпанија (РФЕФ), Луис Рубијалес, е приведен денеска на мадридскиот аеродром по неговото враќање од Доминиканската Република, во врска со истрага за корупција, објави весникот „Ел Диарио“.
Претходно, Рубијалес даде уверување дека е подготвен да соработува со истрагата и се врати во Шпанија неколку денови порано од планираното.
Рубиалес беше во Доминиканската Република пред две недели кога полицијата изврши претрес во канцелариите на РФЕФ и неговиот дом во Гранада, како дел од истрагата за корупција и перење пари во врска со бизнис зделка шпанскиот Суперкуп да се игра во Саудиска Арабија
Полицијата приведе седум лица, а Рубиалес е еден од петте лица под истрага.
Рубиалес ја предводеше РФЕФ од 2018 до 2023 година, а поднесе оставка во септември откако предизвика меѓународен скандал бакнувајќи ја в уста репрезентативка на Шпанија Џенифер Ермосо без нејзина дозвола на подиумот за време на завршната церемонија на Светското првенство за жени во август во Сиднеј.
Против него е отворена кривична постапка, во која шпанското Обвинителство побара да биде осуден на две и пол години затвор.