Рубљев го анализира мечот со Новак: Русинот откри што е тоа што го прави Ѓоковиќ тежок противник (видео)
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Вимблдон откако го совлада Русинот Андреј Рубљев со 4:6, 6:1, 6:4, 6:3.
Бранителот на титулата победи против седмиот тенисер во светот по два часа и 47 минути игра.
,,Не знам, чувствувам дека ова е моето прво четвртфинале по кое сум горд. Сепак, секако дека сакате да победите. Направив сè што можев за да победам. Во исто време, разочаран сум затоа што секогаш кога чувствувам дека имам мала шанса, или премногу се здрвував или не одев на ударите или ги промаршував. Секогаш кога имаше шанса, таа мала шанса, Новак ги користеше – тоа беше разликата“, изјави Рубљев по мечот.
Тој откри и една работа што го прави Ѓоковиќ толку тежок противник.
„Начинот на кој се фокусира во тие моменти, клучните моменти. Понекогаш се чувствувате како, „Во ред, јас сум таму, имам шанса“. Искуство. Тоа се многу импресивни работи. Затоа тој е врвен играч. На крајот, тие моменти се важни. Тие моменти се вистински тенис“, нагласи тој.
Ѓоковиќ за место во новото финале на Вимблдон ќе се бори со Италијанецот Јаник Синер, кој беше подобар од Русинот Роман Сафиулин со 6:4, 3:6, 6:2, 6:2.