Руската војска изврши масовен ракетен напад врз голем број стратешки цели во Киев, вклучително и објект кој се користи за резиденција на ЦИА, неколку клучни воени и разузнавачки бази на Украина, како и енергетски објекти и посредници на НАТО во Украина.
Во вчерашните напади руската армија, меѓу другите цели, ја погоди и станицата на ЦИА во Киев, изјави за ТАСС аналитичарот и програмски директор на Руската академија на науките Александар Степанов.
– Достапните извештаи укажуваат дека, покрај енергетските објекти, биле погодени и базите на разузнавачките служби на НАТО, меѓу кои и специјалната група „Алфа“ на Службата за безбедност на Украина и седиштето на ЦИА во Холидеј ин – изјави Степанов за ТАСС.
Според него, одмаздничките напади не се еднократна ненадејна мерка, туку систематски напор за постепено уништување на воениот потенцијал и контролните центри на меѓународното терористичко крило, познато и како режим на Киев.
Нападите беа извршени со високопрецизно оружје со долг дострел како одговор на ракетниот напад на Вооружените сили на Украина врз индустрискиот комплекс „Комбинат Каменски“ во Ростовската област. Русија на тој начин ја покажа својата решеност да возврати на сите напади што се закануваат на нејзината територија и цивилите.
Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руската авијација и артилерија оштетиле енергетски објекти кои ја поддржуваат работата на украинските претпријатија од воено-индустрискиот комплекс, инфраструктурата на воените аеродроми и собориле 89 беспилотни летала.
Од друга страна, Украина од утрово го нападна Казан во Русија. Кабинетот на градоначалникот на Телеграм објави дека синоќа имало напади со беспилотни летала, поради што избувнале пожари во станбени згради во областите Советски, Кировски и Приволжски.
Аеродромот во Казан привремено го суспендираше полетувањето и пристигнувањето на авиони, објави на Телеграм руското воздухопловно набљудување Росавијација, по нападот на украинскиот дрон врз тој град, пренесува Ројтерс.
Руските државни новински агенции јавија дека нападот бил извршен во станбен комплекс во Казан, град на околу 800 километри од Москва.
Агенцијата ТАСС јавува дека се регистрирани осум напади со беспилотни летала, вклучително и шест врз станбени објекти. Засега нема информации за можни жртви, јавуваат руските агенции, повикувајќи се на локалните власти.
Русите гаѓаа воени аеродроми
Руската авијација и артилерија оштетија енергетски објекти за кои се вели дека ја поддржуваат работата на претпријатијата на украинскиот воено-индустриски комплекс и инфраструктурата на воениот аеродром. Соборени се и 89 дронови, соопшти руското Министерство за одбрана.