Русите километри ги делат до важен град: Пробиен е Доњецкиот фронт, Украина не може да ги држи своите редови, наредена е итна евакуација (ВИДЕО)

Руските сили ненадејно го пробија фронтот и стигнаа речиси до периферијата на Торецк во Доњецката област!

Главниот штаб на вооружените сили на Украина наведува дека нападите на правецот Торецк – Горловка не престануваат и дека руските сили користат воздушни бомби. Руските воени блогери известуваат дека градот е нападнат со артилерија и повеќе ракетни фрлачи.

Торек

Веста за напредувањето на руските сили ја потврдува и украинскиот телеграмски канал DeepState, кој е тесно поврзан со разузнавачките служби. Украина со контранапади се обидува да ја задржи руската офанзива, додека медиумите јавуваат дека е наредена принудна евакуација на градот.

– Непријателот е многу блиску. Наредена е евакуација. Таму има околу шест илјади луѓе. Граѓаните од час во час го напуштаат градот – јавува украинскиот портал Страна.

Спасувачките служби за 24 часа евакуирале 48 цивили.

– Решиле да се евакуираат бидејќи е невозможно да се живее под континуирано гранатирање во куќи претворени во урнатини и подруми – велат од спасувачката служба во Феникс.

Воените блогери од двете страни наведуваат дека борбите започнале и во предградијата на блискиот Њујорк и дека Русите, откако го освоиле селото Шуми, почнале да ги напаѓаат Дружба и Северно.

До Торецк е помалку од километар и пол.

Пред војната, Торецк имал околу 35.000 жители.

Извидувачки дрон, да потсетиме, неодамна го сними моментот кога војник пука во глава на другарот кој неколку моменти претходно беше повреден во напад со камиказе дрон.