Русите објавија нови податоци: Бројот на загинати во терористичкиот напад во Москва се искачи на 93

Истражниот комитет на Русија денеска соопшти дека бројот на жртвите во терористичкиот напад во Москва се зголеми на 93, јавија руските медиуми.

Бројот на повредени во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во Москва се зголеми на 145, соопшти Министерството за здравство на Московската област.

Нападот се случи кога неидентификувани маскирани вооружени лица синоќа отворија оган во концертна сала „Крокус“ во Красногорск, административен центар на московската област. Терористичката група Исламска држава (ИСИС) ја презеде одговорноста за нападот во Русија, се вели во кратката изјава објавена од новинската агенција Амак, поврзана со ИСИС, на Телеграм.