РУСИТЕ ОБЈАВИЈА ПОТЕРНИЦА ЗА АМЕРИКАНСКИОТ СЕНАТОР: Кремљ бесен по изјавата за убиството на Русите, Греам тврди дека сè било МОНТИРАНО
Руското Министерство за внатрешни работи го стави американскиот сенатор Линдзи Греам на листата на барани лица , пренесува РИА Новости
„Американскиот државјанин Линдзи Олин Греам, роден на 9 јули 1955 година, се бара поради прекршување на кривичниот закон на Русија“, се наведува во базата на податоци на истражниот комитет.
Греам, кој ја претставува Јужна Каролина во Конгресот, беше снимен како се среќава со Зеленски во Киев во петокот, на 26 мај, кога тој рече дека убивањето на Русите во конфликтот со Украина се „најдобро потрошените пари на САД досега“.
По негативните коментари од Русија, Ројтерс изјави дека ова видео е монтирано во претседателскиот кабинет на Зеленски и дека Греам, зборувајќи за најдобро потрошените пари, наводно мислел да му помогне на Киев со оружје и опрема.
„Од првичните транскрипти од разговорот објавени од канцеларијата на Зеленски, не беше јасно дека двете забелешки биле дадени во различни делови од разговорот“, објаснува Ројтерс.
Подоцна прес-службата на Зеленски објави видео со Греам во целост, од кое станува јасно дека нема никаква поврзаност меѓу овие негови изјави.
Во вториот дел од разговорот, сенаторот истакна дека постапките на Украинците го потсетиле на историјата на САД, кога „на ист начин се бореа до крај“. На оваа забелешка Зеленски одговори дека сега САД се слободни и дека „ќе бидат и Украинците“.
„И Русите умираат“, додаде Греам.
Прес-секретарот на претседателот на Русија Дмитриј Песков оцени дека е голем срам за земјата да има таков сенатор.
Самиот Греам ја коментираше реакцијата на Москва како „пропаганда“.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, рече дека таквата теза за убивање Руси „подолго време се користи во САД“.
Вчера Греам ги отфрли критиките на Русија за поддршката на Киев, велејќи дека само го пофалил духот на Украинците во отпорот на руската инвазија со помош на Вашингтон.