Русите потврдија: Украина истрела 6 ракети АТАСМЅ кон нас

Руското Министерство за одбрана соопшти дека Украина синоќа истрелала шест балистички ракети АТАКМС кон регионот Брјанск и дека нивната противвоздушна одбрана одговорила на нападот.

„Во 3 часот и 25 минути вечерва непријателот изврши напад врз објект во областа Брјанск со шест балистички ракети. Според потврдени информации, користен е американскиот ATACMS“, се вели во соопштението.

Русите известуваат дека користеле S-400 и PVO Pancir за да соборат пет проектили и да оштетат шеста.

Според нив, делови од проектилот паднале врз дел од воениот објект, што предизвикало пожар кој брзо бил изгаснат.

,,Hема жртви или материјална штета“, се вели во соопштението.

Да потсетиме, американскиот претседател Џо Бајден во неделата ја овласти Украина да користи ракети со долг дострел на руска територија. Рускиот претседател Владимир Путин одговори со потпишување декрет денеска со кој се одобрува ажурирана нуклеарна доктрина – Основи на државната политика во сферата на нуклеарното одвраќање.

Некои медиуми денеска објавија дека претседателот на Украина, 
Володимир Зеленски, наводно дозволил 
да се изврши првиот удар на руска територија со ракети со долг дострел добиени од САД , пишува 
DailyMail, повикувајќи се на украински воени претставници.

Експлозијата, која го осветли ноќното небо, е снимена на снимка која наводно е направена неколку километри од местото на ударот. Наводно, проектилот погодил на околу 80 километри од најблиската украинска граница во продавница за муниција во Карачев, во руската област Брјанск.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека земјите од НАТО разговараат не само за можноста за употреба на оружје со долг дострел од страна на вооружените сили на Украина, туку и за директно учество во конфликтот во Украина.

Според него, Украина веќе ја напаѓа руската територија со беспилотни летала и други средства. Тој предупреди дека директното учество на Западот во конфронтацијата во Украина значително ќе ја промени неговата суштина.

„Ова ќе значи дека членките на НАТО, САД и европските земји, се во војна со Русија. Москва ќе донесува одлуки врз основа на заканите што се појавуваат пред неа“, заклучи Путин.