Украинската војска денес го негираше тврдењето на Москва дека руските сили го освоиле градот Часив Јар во регионот Донецк, кој е едно од главните жаришта на конфликтот на источниот фронт.
„Ситуацијата во Часив Јар остана иста како и во последните месеци. Русија едноставно повторно лаже, за да може ова тврдење да циркулира и да предизвика негирања“, изјави Виктор Трегубов, портпарол на украинската група сили „Хортика“, пренесува Киев Индепендент.
Руското Министерство за одбрана претходно денес објави дека руските трупи го зазеле градот за време на офанзивата во правец на Краматорск и Дружковка.