РУСИЈА ГИ ОБВИНИ САД ЗА ВОЕНО ЗЛОСТОРСТВО !? Сергеј Шојгу гневен на Американците: “Оваа одлука може да доведе до ескалација на војната!“

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, ги обвини Соединетите Американски Држави (САД) за „воени злосторства“ за снабдување на Украина со касетна муниција која е забранета според меѓународното право.

Соочени со зголемен недостиг на муниција за артилериски системи од западен тип во вооружените сили на Украина, Вашингтон изврши воено злосторство со вклучување во пакетот помош касетна муниција која е забранета со меѓународната конвенција“, кажал Сергеј Шојгу на состанокот на руските воени началници во Москва. .

Тој вели дека вкупната сума на помош што НАТО, ЕУ и нивните сојузници ја испратија за Украина надминала 160 милијарди долари.

Подготвеноста на Западот да инвестира значителен дел од расположливите ресурси во Украина за да ја сврти ситуацијата на бојното поле во своја полза создава сериозни ризици за натамошна ескалација на конфликтот“, предупредил Сергеј Шојгу.

Сергеј Шојгу, исто така, вели дека приемот на Финска и Шведска во НАТО претставува „дестабилизирачки фактор“, бидејќи дополнителни воени контингенти и ударно оружје на НАТО најверојатно ќе бидат распоредени на финска територија, што може да погоди критично важни објекти во северозападна Русија.

Овие закани за воената безбедност на Русија бараат навремен и адекватен одговор… Ќе се зајакнат групите на вооружените сили на Руската Федерација на западните граници на земјата“, најави Сергеј Шојгу.