Руското Министерство за финансии денеска на својот канал Телеграм објави дека данокот за извоз на нафта од 1 октомври ќе биде зголемен на 23,9 долари за тон.
Во моментов, тој надомест е 21,4 долари за тон, што значи дека цената ќе се зголеми за 2,50 долари.
„Просечната цена на нафтата Урал во набљудуваниот период од 15 август до 14 септември изнесуваше 77,03 долари за барел или 562,3 долари за тон“, објави Министерството, пренесува Телетрадер.