– Руската вселенска агенција Роскосмос лансираше ново летало „Сојуз“ коешто треба да ги врати астронаутите од Меѓународната вселенска станица на Земјата откако на првото летало предвидено за таа цел остана без течност за ладење.
Новиот вселенски брод „Сојуз МС-23“ полета од рускиот космодром „Бајконур“ во Казахстан рано утринава по локално време. Ќе мине два дена во Земјината Орбита и ќе маневрира до МВС, по што ќе се приклучи на модулот „Срч“ в сабота. Ова вселенско летало ќе послужи како замена за капсулата којашто остана неисправна состојба во декември, поради што двајца руски космонаути и еден Американец не можеа да ја користат за да се вратат дома на планетава.
На МВС се наоѓаат Сергеј Прокопјев и Дмитриј Петелин од Роскосмос и Френк Рубио од НАСА.
Инаку, НАСА и „Спејс-Икс“ в понеделник ќе ја лансираат мисијата „Кру-6“, во којашто Стивен Бовен и Ворен Хобург од НАСА, астронаутот од Обединетите Арапски Емирати – Султан Алнејади и Русинот Андреј Фодаев ќе патуваат до МВС. Набргу по нивното пристигнување на Станицата, се очекува да се врати екипажот на „Кру-5“ на НАСА. Тие минаа пет месеци во капсулата „Драгон“ на „Спејс-Икс“.