– Русија денеска го лансираше сателитот „Кондор-ФКА“, кој може да ја снима површината на Земјата преку ден и навечер и при сите временски услови, вклучително и голема облачност, јавува Анадолија.
Сателитот беше лансиран од рускиот космодром Восточни, рускиот космодром во регионот Амур, користејќи Сојуз 2.1а, платформа на ракетен погон, соопшти државната вселенска агенција Роскосмос.
„Вселенското летало беше успешно лансирано. Првиот радарски сателит е лансиран во одредената орбита“, се вели во извештајот.
Сателитот „Кондор-ФКА“ е развиен од руската воено-индустриска корпорација. Тежината на сателитот е 1.050 килограми.