Русија го најави крајот

Морнариците на Русија и Кина ги завршија заедничките поморски маневри во Пацификот, се наведува во денешниот извештај на руската агенција Интерфакс.

Маневрите, кои траеја повеќе од три недели, опфатија повеќе од 50 вежби за обука и симулирани борбени услови, се вели во соопштението на руската Пацифичка флота, пренесе Ројтерс.

По маневрите, руските бродови пловеа низ водите на Источното Кинеско Море на пат кон кинеското пристаниште Кингдао, се наведува во соопштението за печатот на руската Пацифичка флота.