ГО УБИЛЕ И ОСТАВИЛЕ НА УЛИЦА – Хорор во Велика Британија: Пронајдено тело на бебе – уапсени три лица

Откако беше пронајдено тело на новороденче во Ипсвич, Велика Британија, полицијата уапси двајца мажи и една жена под сомнение за убиство.

Телото на бебето било пронајдено на улицата „Норвич“ нешто по 13 часот по локално време, соопшти полицијата, информираат британските медиуми.

Полицијата во Сафолк соопштила дека причината за смртта на бебето сè уште не е утврдена.

Ова е многу тажен и вознемирувачки инцидент. Истрагата е во рана фаза. Би ги повикал луѓето да не шпекулираат на социјалните мрежи за околностите на овој трагичен настан“, истакнал портпаролот на полицијата.