Поранешниот тајландски премиер Шинаватра утре излегува на слобода

 Затворениот поранешниот тајландски премиер Таксин Шинаватра ќе биде ослободен на 18 февруари, изјави денеска премиерот Сретта Тависин.

Таксин Шинаватра е во болнички притвор од август, по драматичното враќање од странство по 15 години во самонаметнат егзил за да избегне затвор поради судир на интереси.

Кралот осумгодишна затворска казна ја преиначи во една година по неговото враќање, а тој отслужил шест месеци во болнички притвор поради неоткриена здравствена состојба.

Досега не беше сигурно кога ќе биде ослободен, а 18 февруари е првиот ден кога ќе добие условен отпуст.

Поранешниот премиер на Тајланд, кој е во бегство, стапна на тајландска територија за прв пат од 2008 година во август, враќајќи се од егзил во затвор само неколку часа пред парламентот да гласа за формирање влада.

Таксин (74) кратко се појави со членовите на семејството на терминалот за приватни авиони на аеродромот во Бангкок, насмеан и мавтајќи со стотиците поддржувачи, пред да биде одведен во полициски конвој до Врховниот суд, а потоа во затвор.