ВЛЕГОЛ ВО КУЌАТА И ГО НАЈДЕЛ УЖАСОТ: Сопругата на познат музичар пронајдена мртва, откриена е причината за смртта – полицијата отвори истрага

Џејмс Морисон го пронашол безживотното тело на својата сопруга

Сопругата на британскиот музичар Џејмс Морисон, Гил Качпул (45) е пронајдена мртва во нејзиниот дом во Витминстер, а пејачот е скршен по оваа трагедија и неговото семејство постојано е со него. Ден по објавувањето на трагичната вест, откриена е и причината за смртта.

Гил извршила самоубиство со бесење. Нејзиното безживотно тело го пронашол нејзиниот сопруг Џејмс Морисон, потврдил патологот кој бил на местото на настанот во рамки на истрагата што беше отворена денеска, пишува Дејли Мејл.

Гил Качпул висела на јаже во семејната куќа кога Морисон ја нашол и повикал брза помош. Веста доаѓа само неколку дена откако беше откриено дека полицијата ја проверувала Кечпул „загрижувајќи се за нејзината состојба“.