КОЈ Е НОВИОТ ПРЕМИЕР НА ФРАНЦИЈА ? Учествувал во радикални одлуки – од “скандалозна“ забрана во училиштата до затворање на границите и истакнат ЛГБТ борец

Габриел Атал е назначен за нов претседател на Владата на Франција, откако Елизабет Борн поднесе оставка од таа функција еден ден претходно. 

Претседателот на ФранцијаЕмануел Макрон, го назначи поранешниот министер за образование за премиер, објавија француските медиуми, фокусирајќи се на фактот дека тој е досега најмладиот премиер во историјата на Франција и првиот член на ЛГБТ популацијата назначен за тоа позиција.

На почетокот на својата кариера, Габриел Атал бил член на Социјалистичката партија, но подоцна се приклучил на Центристичката партија на Емануел Макрон, сега позната како Ренесанса. Јавноста и политичките експерти го гледаат како „миленичето на Емануел Макрон“ и близок соработник, а за време на пандемијата, како што велат, привлекол посебно внимание – додека јавноста блиска до Емануел Макрон се согласува дека тој тогаш се претставил одлично, а исто така тој и често бил мета на критики од спротивставените партии.

Габриел Атал

Иако го опишуваат како разумен и опуштен, во досегашната кариера донел радикални одлуки кои би можеле да ја поделат јавноста и да предизвикаат конфликтни реакции.

Забраната за абаја во училиштата – широките долги фустани што ги носат некои муслиманки, секако е една од одлуките која ја подели левицата околу секуларизмот и неговата примена, додека радикалната левица вети дека ќе ја донесе одлуката на суд.

Партијата на претседателот Емануел Макрон, Десницата и крајната десница, ја поздравија забраната објавена на крајот на август од Габриел Атал, тогашен министер за образование, додека за координаторот на левичарската партија Бунтовничка Франција, Мануел Бомпар, тоа беше „сурова одлука“. Тој потоа кажа дека забраната на абаја ќе резултира со дискриминација на младите жени, особено на младите муслиманки.

На почетокот на 2022 година, Габриел Атал се најде во „вкрстен оган“ со членовите на опозицијата кои протестираа против мерките на Владата донесени од пандемијата на вирусот Ковид-19.

Во еден од своите излагања, како портпарол на француската Влада, тој ги обвини пратениците од опозицијата дека спречуваат донесување на неопходни мерки во борбата против пандемијата, откако парламентот, поради немањето владино мнозинство во доволен број, ја прекина дебатата за воведување на „вакцинирана карта“ со која на невакцинираните Французи ќе им биде дозволен влез само во болници и други медицински установи.

Дел од јавноста протестираше неколку недели претходно, кога со тогашна владина одлука на туристите и скијачите од Велика Британија им беше забранет влезот во Франција, дури и да се целосно вакцинирани.

Промената на премиерот доаѓа по една година одбележана со политичка криза во земјата, поради контроверзната реформа на пензискиот систем и законот за имиграција.

Доаѓа и само пет месеци пред изборите за Европскиот парламент, при што се очекува евроскептиците да постигнат рекордни придобивки во време на широко распространето јавно незадоволство поради зголемените животни трошоци и неуспехот на европските влади да го ограничат миграцискиот тек.

Во Франција, анкетите покажуваат дека партијата на Емануел Макрон заостанува зад лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен за околу осум до 10 поени пред гласањето во јуни.