Во Кавадарци само една жена меѓу претседателите на урбани и месни заедници, има 40 мажи

 Во Кавадарци има само една жена меѓу претседателите на урбани и месни заедници, а има 40 мажи. Кога станува збор за раководители на сектори во Општината, сите шестмина се припаднички на женскиот пол. Во Општина Кавадарци се вработени вкупно 110 вработени, од кои 33 се мажи и 77 се жени. Во Штаб за заштита и спасување на Општина Кавадарци се  девет мажи и една жена. 

Ова се податоци што се дел од годишниот извештај на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Општина Кавадарци за 2023 година, што утре ќе се најде на седница на општинскиот Совет. 

– Градоначалникот и претседателот на Совет на Општина се припадници на машкиот пол. Од членовите на Совет,  13 се мажи и шест се жени. Маж е координатор на кризен штаб, а жена,  координаторка за еднакви можности.  Раководители на одделенија, се осум мажи и10 жени. Директор на градинка е жена. Директори на основни училишта се двајца мажи и четири жени, а на средни училишта, се именувани еден маж и две жени, пишува во извештајот. 

Во управните одбори на јавни претпријатија се 29 припадници на машкиот и 23, на женскиот пол.

Овие бројки континуирано се менуваат со тек на време. 

Комисијата за еднакви можности се залага за обезбедување на родово разделена статистика и рамноправна вклученост на двата пола во секојдневниот општествен живот.