Митрески на неформална средба со Џафери и Ковачевски: Европската унија е нашата единствена опција

Претседателот на Собранието Јован Митрески денеска имал неформална средба со премиерот на техничката Влада Талат Џафери и со поранешниот премиер Димитар Ковачевски. Митрески на Фејсбук објави дека на средбата разговарале за периодот што нè очекува и дека не отстапуваат од европската агенда. 

-Цврсто остануваме на определбата дека не отстапуваме од европската агенда која е единствена опција за нашата држава за просперитет и демократски напредок. Членство во Европската унија е нашата единствена опција. Истовремено заклучивме дека во наредниот период ќе сториме се што е во наша надлежност да создадеме услови за фер и демократски избори без ниту една дамка, пишува на профилот на Фејсбук на Митрески.