Тешки денови на големата ѕвезда од поранешна Југославија: Живее во подрум, видена е во народната кујна и ослабела многу

Беби Дол наводно наишла на сериозни финансиски проблеми, а како што пишуваат српските медиуми, таа во неколку наврати била видена како зема храна во народна кујна. Нејзините соседи решиле да зборуваат за пејачката која ја гледаат во населбата Врачар во Белград, каде што таа сега живее.

Пејачката Драгана Шариќ , попозната по уметничкото име Беби Дол , порано беше една од најпознатите југословенски изведувачи, се натпреваруваше и на Евровизија, но во последно време воопшто не се појавува во јавноста. Беби Дол наводно наишла на сериозни финансиски проблеми, а како што пишуваат српските медиуми, таа во неколку наврати била видена како зема храна во народна кујна. Сега новинарите на српски Блиц се обидоа да ја најдат Беби Дол и да видат што се случува со неа, но не успеаја. Сепак, нејзините соседи решиле да зборуваат за пејачката со која се гледаат во белградскиот кварт Врачар, каде што таа сега живее. 

– Не сме ја виделе долго време. Ми се чини дека последен пат прошетала овде пред два месеци . Последно што знам е дека живее во подрум, а во куќата влегува преку гаражата – вели еден од нејзините соседи кој сакал да остане анонимен. 
Друг сосед тврди дека ја видел неколку пати. 

– Ја видов неколку пати додека се шеташе со своето момче. Тие се расправаа. Не беше пријатно да се слушне или да се види такво нешто. Целата улица зуеше од нив двајца. За жал, таа многу ослабе, тоа е сосема поинаква Беби Дол од онаа како што ја паметиме, таа е буквално непрепознатлива – рече тој, а изјави и дека сака да остане анонимен. 
Иако екипата на Блиц ја чекаше извесно време, Беби Дол не го напушти новиот дом . Имаше решетки на нејзиниот прозорец додека ролетните беа спуштени. 

Пејачката кариерата ја започна во бенд, а кога одеше соло, нејзините песни станаа хитови во поранешната земја, меѓу кои: „Руди“, „Хајде да…“, „Љута сам“, „Бразил“. и други. За својата работа доби многу награди, а ја претставуваше Југославија на Евровизија во 1991 година со песната „Бразил“ , која сè уште е голем хит на овие простори. Затоа за многумина е неверојатно дека еден од волонтерите наводно ја видел повеќе од еднаш како јаде во народна кујна.

– Два-три пати Беби доаѓаше овде да земе храна. Не сум сигурен дали таа го земала оброкот за себе или за некој друг, бидејќи има случаи кога некој зема храна за некој што не може сам да дојде. Таа се промени многу физички. Многу ослабе, се чинеше како едвај да застане на нозе. Ја препознав по косата и специфичниот глас . Навистина изгледаше тажно – изјави за српски Блиц. 
Инаку, во последните години во јавноста излегоа разни информации за животот на оваа пејачка, која исто така прифаќаше покани за учество во различни реални шоуа и двапати се натпреваруваше во „Фарма“, а таа се согласи да се натпреварува во овој тип на телевизиско шоу поради на лошата финансиска состојба во која наводно се нашла.