ВИДЕО | Работник објави снимка додека бил во кран за врeме на бурата во Хрватска

Хрватска и Србија ги зафати силно невреме, многу луѓе беа повредени во двете земји, а и во Загреб и во Белград паднаа кранови.

На „Тик-ток“ се појави видео од градежен работник заробен во кабина во кран во невремето.

Хрватска ја зафати силна бура, три лица досега ги загубија животите, а на социјалната мрежа „Тик-ток“ се појави видео од градежен работник, кој остана заробен во кабина на кран додека дуваше разорниот урагански ветер. Еден кран падна во Загреб, но не овој од видеото.

@24sata

Za vrijeme megaoluje bio je zarobljen u kranu: ‘A šta ćeš, nemaš gdje pa pričekaš malo…’ #24sata #foryou #kran #fyp #nevrijeme #dizalica #zagreb

♬ original sound – 24sata

„Што да правите, немате каде, па чекате малку“, стои во описот на видеото што го објави хрватската „24 часа“.

Во кранот во Загреб, кој се урна, внатре во кабината имало работник, но, за среќа, тој е добро, а овој од видеото на „Тик-ток“ остана неподвижен. Кабината малку се тресела, но кранот бил неоштетен и работникот е добро.