Вработен во Итна помош во Сараево украл пари од 80-годишна старица додека и давале прва помош

Срамен случај се случил вчера кога вработен во сараевската Брза помош додека неговите колеги и помагале на старица на која и се слошило и украл пари од паричникот.

Снимката од надзорната камера која крадецот очигледно не ја забележал ја дал синот на ограбената старица.

„Вчера во 19 часот и 30 минути во станот на мајка ми вработен во Брза помош Сараево и украл пари. Кражбата се случила додека и помагале бидејќи е болна жена која има 80 години. Ова е срамота“, изјави тој во телефонски разговор за Klix.ba.

Тој додаде дека камерата ја поставил за да може да ја следи мајка си бидејќи е тешко болна.

“Се пријавивме во полиција, а мајката денеска ја сместивме во дом за стари лица во Храсница“, додава тој.

Како што може да се види на снимката, вработен во Итната помош во моментот на помош на старицата од паричникот извадил една банкнота.