Ковачевски: Плус 3000 денари месечно во џебот на секој млад човек со мерката на СДСМ за младински додаток

– Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски и дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ја посетија фабриката КИЕЛ Македонија во тетовско Желино.

Двајцата направија обиколка на производствениот процес и разговараа со раководството и работниците и оценија дека мерките за повисоки плати и подобри услови на работниците даваат резултати. Во КИЕЛ работат повеќе млади луѓе до 23 години што ја користат мерката младински додаток со која тие кои работат во производствена дејност им се исплаќа надоместок од државата од 3000 денари месечно.

– Мерка која од 2020 година до 2023 година ја искористиле 13.000 млади лица. Тоа се 50 евра плус во џебот на секој млад човек. Платите на граѓаните секојдневно растат и ќе продолжат да растат. Тоа ние ќе го сработиме затоа што СДСМ го цени трудот на работникот, грижата за сите е темелот на нашите политики. Денес, парите се насочени кон граѓаните, за да има повеќе за сите. Шест години обезбедуваме подобар европски стандард за сите граѓани, подобри услови за стопанството, раст на економијата. Одговорно менаџираме со парите на граѓаните, за да можат платите на граѓаните секојдневно да растат. Ова е моделот по кој ќе работиме и во вториот мандат, истакна Ковачевски.

Дополнителната заменик министерка Тренчевска посочи дека посетата е со цел и да се види како се имплементираат политиките на владата, особено за постигнатиот баланс помеѓу работата и приватниот живот со воведување на недела како задолжителен неработен ден како и растот на минималната плата.

– Низ сите производствените фабрики гледаме задоволство на лицата на вработените затоа што недела е неработен ден и имаат време и за себе и за своите семејства. Минималната плата ја зголемивме од 8 илјади на 20.175 во моментов, во март ќе биде 22.500 што значи огромен раст на минималната плата поради методологија која ја следи просечна плата и растот на трошоците. Обезбедуваме пристојни плати за сите во држава. Задоволство е со вакви политики да гледаме задоволни работници, креирани од Владата, истакна Тренчевска.

Ковачевски порача дека и просечната плата ќе се зголемува во иднина.

– Овие подобрувања не значат дека ние ќе застанеме тука, напротив, во наредниот период, во мојот втор мандат како премиер, ќе работиме да дојдеме до над 1000 евра просечна плата и минимална плата од 600 евра. И ова, ве уверувам дека со правилни политики е достижно. Јас често велам, со напорна работа, нема недостижна цел. Никој не веруваше дека 500 евра просечна плата до 2024-та година е можно и остварливо. Но како што знаете, тоа ветување, СДСМ предвремено го исполни. Така ќе биде и овој пат, истакна Ковачевски.

КИЕЛ е и пример за тоа што значи добро партнерство меѓу државата и бизнисот, продолжи Ковачевски, посочувајќи дека во фабриката која произведува системи за седење за комерцијални возила и јавен превоз со автобус и воз, има вработено 180 лица, од кои 62 се жени.

– За мене беше и е многу важно да се развива економијата, да растат инвестициите и платите, затоа што тоа е она што им е најважно на граѓаните. Да имаат подобар животен стандард, да имаат подобри услови за работа и развој. Затоа во мојот мандат како премиер, Владата која ја предводев, со правилни политики создаде поволна услови за раст на странските инвестиции. Доказ за тоа е токму оваа компанија, која го прошири своето портфолио со нова инвестиција од 9,2 милиони евра, во нов објект кој наскоро почнува со работа, рече Ковачевски.

Ковачевски дополните дека странските директни инвестиции лани биле 754 милиони евра или повеќе странски директни инвестиции од 2016 година, кога изнесувале 338 милиони евра.