ФОТО | Еден од најдобрите српски кошаркари ја покажа својата нова девојка, а социјалните мрежи “експлодираа“ поради еден детал

Еден од најдобрите српски кошаркари Богдан Богдановиќ на светот му ја покажа својата нова девојка. На една од фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи, Богдан Богдановиќ прави селфи, а во позадина се гледа девојка чие име набрзо се дозна дека е Сара Радовиќ и дека наводно е во врска со него веќе неколку месеци.

слика
Богдан Богдановиќ и Сара Радовиќ

Иако се чини дека според објавите на социјалните мрежи се заедно, се уште нема официјална потврда. Нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм е „заклучен“ и не може да се пристапи до ниту една фотографија, освен оваа последна што се појави на социјалните мрежи. Тие си коментираат на фотографиите на Инстаграм, а кога Богдан Богдановиќ еднаш со коментар и одговори на срцето поставено од Сара Радовиќ, за многумина беше логичен знак дека се заедно.

Како што пишува mondo.rs, српскиот репрезентативец е роден 1992 година, а наводно девојката е 2003 година. Оваа информација многу ја заинтригира јавноста, па многумина на социјалната мрежа Х (Твитер) го искажаа своето мислење за љубовниот живот на кошаркарот на Атланта Хокс.

Многумина имаа потреба да се навратат на фактот дека девојката е многу помлада од него, но се чини дека поголем е бројот на оние на кои им пречи тоа што не се токму тие новата девојка на Богдан Богдановиќ.

Пред Сара Радовиќ, Богдан Богдановиќ беше во врска со американската манекенка Британи Нета, која беше прва придружничка на натпреварот за МИС на Њу Џерси и ја придружуваше на свадбата на Данило Галинари. Тој се забавуваше и со српската тенисерка Олга Даниловиќ, која сега е во врска со Јан Облак, голманот на Атлетико Мадрид.