ФОТО | Хали Бери ги покажа затегнатите нозе со фотографија од када, а обожавателите ги загрижи морничава сцена во позадина: “Што е ова !?“

Хали Бери, 57-годишната ѕвезда на филмот „Catwoman“, објави фотографија од када, но вниманието на обожавателите го окупирал навидум морничав детал во позадина, пренесува The Sun.

На фотографијата што ја објави на социјалната мрежа Инстаграм во четвртокот, таа ги покажа своите младешки, дефинирани нозе во мермерна када.

Понекогаш ми треба само капење и сите да замолчат“ напиша таа во описот на фотографијата која можете да ја погледнете ОВДЕ.

Кадата е украсена со свеќник со три бели свеќи, но некои обожаватели ги загрижи украсната фигура покрај прозорецот.

Додека едни се воодушевени од фотографијата, други статуата на гол маж ја нарекоа „демонска“, прашувајќи се дали познатата актерка е добро и зошто ја купила.

Ова не е првпат деталите од нејзините фотографии од социјалните мрежи да предизвикаат реакции, бидејќи пред еден месец таа објави фотографија во долна облека, а пред неа во преден план се три купишта измет.

Хали Бери со години работи напорно за да ја одржи својата импресивна фигура и често ги споделува деталите од тренинзите со следбениците.