Новак Ѓоковиќ во друштво на Барби: Актерката воодушевено гледа во српскиот тенисер, фотографијата кажува повеќе од зборови

Новак Ѓоковиќ важи за една од најпопуларните јавни личности во светот, па не е ни чудо што многумина се воодушеени од него.

Покрај тоа што го обожаваат милиони фанови, тој е сакан и од познати личности, меѓу нив и многу холивудски фаци. Една од нив е веројатно најпопуларната жена во светот во моментов – Маргот Роби.

Марго и пред да ги сруши сите рекорди со популарниот филм „Барби“, беше фан на Ѓоковиќ, а доказ за тоа е фотографија направена пред една деценија.

Двајцата беа фотографирани на егзибициски меч кој се одржа во 2013 година во Аргентина, каде Новак играше против Надал. Маргот во тоа време снимала филм во Буенос Аирес, па таа и нејзиниот партнер Вил Смит одвоиле време да одат на овој натпревар. 

Колку била воодушевена од него, можете да видите на фотографијата, бидејќи не можела да го сокрие тоа. 

Инаку, Марго веќе четири години е прва на листата на најуспешни и најубави жени според магазинот „Максим“, а од неа се воодушевени многу познати ѕвезди.