ВИСТИНСКИ ХАОС ВЛАДЕЕ ВО СТЕЈТ ДЕПАРТМАНТОТ – Оставките се слеваат, а бунт се подготвува на сите нивоа !? Џо Бајден е во голема неволја

Пристапот на американскиот претседател Џо Бајден во однос на војната во Израел и Палестина ги подгрева растечките тензии во американската Влада, која најмногу е вклучена во креирањето на американската надворешна политика – Стејт департментот.

Претставници на Стејт департментот изјавиле за тамошните медиуми дека државниот секретар Ентони Блинкен и неговите главни советници ја игнорираат широката внатрешна фрустрација.

Некои вработени во институцијата изјавија дека чувствуваат дека Ентони Блинкен и неговиот тим не се заинтересирани за нивните стручни совети бидејќи се фокусирале на поддршката на израелската воена операција во Газа, која ја води палестинската милитантна група Хамас.

Внатре во Стејт департментот на сите нивоа, всушност се подготвува бунт“, рекол еден функционер.

Џо Бајден и Ентони Блинкен велат дека сакаат да му помогнат на Израел дефинитивно да го порази Хамас, но не сакаат да гледаат како обичните жители на Газа страда. И двајцата неодамна го посетија Израел, а приоритет на Ентони Блинкен е да ја отвори границата меѓу Газа и Египет за да се овозможи испраќање хуманитарна помош во опколената област и евакуација на некои цивили.

Двајца функционери кажале дека дипломатите на Стејт департментот сега подготвуваат спротивставени телеграми, доверлив документ кој е критички настроен кон американската политика, кој се испраќа до лидерите на Стејт департментот преку заштитен внатрешен канал. Ваквите телеграми во Стејт департментот се гледаат како консеквентни изјави за сериозно несогласување во клучните историски моменти. 

Неколку официјални лица рекоа дека слушнале колеги како зборуваат за откажување.