ФОТО | “УБИЈТЕ ГИ СИТЕ!“ – Претседателот на Еквадор потпиша указ, Армијата почна да лови луѓе

Претседателот на Еквадор, Даниел Нобоа, потпиша извршен декрет со кој се прогласува дека земјата е во внатрешен вооружен конфликт.

Тој изјави дека во земјата има голем број организирани криминални групи кои ги означи како терористички организации, додавајќи дека на вооружените сили им наредил да спроведат воени операции за неутрализирање на овие групи.

Даниел Нобоа го потпиша декретот откако вооружена група напаѓачи упадна во зградата на телевизијата TC во градот Гвајакил.

Напаѓачите упаднале во студиото за време на директен ТВ пренос и ги принудиле вработените да легнат на подот, додека во позадина се слушале истрели и викање.

Полицијата во меѓувреме соопшти дека ги евакуирала вработените.

Еквадор е под вонредна состојба по бегството од затвор на еден од најопасните криминалци, Адолфо Мекиас Виламар, познат како Фито, што доведе до киднапирање на најмалку седум полицајци и серија експлозии низ целата земја.

Адолфо Мекиас Виламар

Групата на Фито, меѓу другото, е осомничена и за убиство на претседателски кандидат во Еквадор.