ИМОТОТ НА СИЛВИО БЕРЛУСКОНИ НА РАСПРОДАЖВА – Децата продаваат се што наследија од милијардерот и поранешен премиер на Италија !?

Петте деца на Силвио Берлускони одлучиле да продадат дел од имотот на поранешниот премиер и медиумски магнат, кој почина на 12. јуни годинава, изјавил добро информиран извор за ANSA.

Наследниците на Силвио Берлускони одлучиле да ја продадат вилата „Гернето“, зграда од 18 век во Лесмо, во провинцијата Монца и Бријанца, каде што поранешниот премиер сакаше да основа „Универзитет на слободната мисла“.

Силвио Берлускони
Силвио Берлускони

Семејството, сепак, нема намера да го продаде главниот дом на покојниот милијардер, вилата „Сан Мартино“ во Аркоро, во близина на Милано, велат изворите.