Русија го објави списокот на пријателски земји: Меѓу нив и оваа балканска земја – наредбата ја потпиша премиерот

Владата на Руската Федерација одобри список на повеќе од 30 пријателски и неутрални земји, банки и брокери од кои ќе им биде дозволено да тргуваат на рускиот девизен пазар, како и на пазарот на деривати.

Наредбата ја потпишал рускиот премиер Михаил Мишустин, се наведува на веб-страницата на кабинетот.

Како што се забележува од владините материјали, списокот ги вклучува овие земји: Азербејџан, Ерменија, Белорусија, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан, Узбекистан, Алжир, Бангладеш, Бахреин, Бразил, Венецуела, Виетнам, Египет, Индија, Индонезија, Иран, Катар, Кина, Куба, Малезија, Мароко, Монголија, Обединетите Арапски Емирати, Оман, Пакистан, Саудиска Арабија, Србија, Тајланд, Турција и Јужна Африка.