Русија го додаде почитуваниот новинар и добитник на Нобеловата награда, Дмитриј Муратов на својата листа на странски агенти, етикета што властите често ја користат за да ги спречат критичарите.
Министерството за правда на Руија соопшти дека – „Димитриј Муратов користел странски платформи за ширење мислења насочени кон формирање негативен став кон надворешната и внатрешната политика на Руската Федерација“.
Дмитриј Муратов беше главен уредник на Новаја Газета, која беше широко почитувана во странство поради нејзиното истражувачко известување и често го критикуваше Кремљ. Дмитриј Муратов беше ко-лауреат на Нобеловата награда за 2021 година; тој подоцна го стави својот Нобелови медал на аукција, добивајќи 103,5 милиони долари кои, како што рече, ќе бидат искористени за помош на децата бегалци од Украина.