ВИДЕО | Владимир Путин: “Наскоро средба со мојот пријател Си Џинпинг“

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денес најави дека наскоро ќе се сретне со претседателот на Кина, Си Џинпинг.

Владимир Путин вели дека една од темите на разговорот со кинескиот претседател ќе биде развојот на хуманитарните контакти, пренесува руската медиумска агенција РИА Новости.

Наскоро ќе имаме средба со кинескиот претседател. Тој ме нарекува негов пријател, а јас со задоволство го нарекувам пријател, бидејќи тој е личност која прави многу за развојот на руско-кинеските односи“, рекол Владимир Путин на отворениот час – „Важни разговори“.

За потсетување, последен пат претседателите на Русија и Кина се сретнаа во март годинава, кога Си Џинпинг ја посети Москва.