Сопругата на Пирс Броснан има богатство од 100 милиони долари

– Повеќе од 20 години, Кили Шеј Смит е среќнo мажена за холивудскиот заводник Пирс Броснан, со кого има два сина – Парис и Дилан, но и заработила значителна сума пари.

Иако е мажена за холивудски глумец од „А-листата“, и оваа наградувана американска новинарка, истражувачка и глумица има доста голем удел во семејното богатство, заработено низ годините. Според порталот „Селебритинетворт“ (Celebritynetworth), нето-вредноста на нејзиниот имот е 100 милиони долари. За споредба, уделот на Броснан е 200 милиони долари.

Кили Шеј Смит, која е на самиот праг од седмото десетлетие од својот живот, има исклучително успешна кариера и како водителка и авторка на документарни ТВ-содржини. Таа била и дописничка за „Хоумс шоу“ на „Еј-би-ес“ а денес соработува со „Тудеј“ (Today) и „Ентертејнмент тунајт“ (Entertainment Tonight). 

Инаку, брачната двојка има купено и повеќе недвижни имоти ширум светот, на пр., куќа во Малибу, Калифорнија, купена во 1996., за 600 илјади долари, продадена 2012 година за 2,6 милиони долари… Натаму, во 2000 година заедно купиле куќа на плажа во Малибу за непозната сума, ја урнале и изградиле импресивна палата со поглед на океанот. Таа куќа служи за изнајмување налето и чини 250.000 долари месечно. За жал, во 2015., пожар уништи дел од имотот, вклучително и гаражата каде што биле сместени исклучително вредните возила на Броснан меѓу кои и „Астон Мартин В12 ванквиш“ од 2002 година, од последниот негов „Бонд“ филм – „Умри друг ден“ (Die Another Day).

Во 2019 година двојката купи куќа во Санта Моника за 2,4 милиони долари, а поседуваат и неколку куќи на хавајскиот остров Кауаи, каде што соседи им се Бет Мидлер, Марк Закерберг и Бен Стилер. А, и самите Кили и Пирс минуваат голем дел од годината овде.