Русија го прогласи угледниот весник Moscow Times за странски агент

Министерството за правда на Русија го прогласи он-лајн весникот Moscow Times кои излегува на англиски и руски јазик за „странски агент“, објави оваа угледна публикација.

Во соопштението што го пренесоа руските медиуми, Министерството за правда го обвини Moscow Times дека дистрибуира неточни информации за одлуките што ги донеле властите, со што се формира негативна слика за Русија.

Moscow Times на својата веб-страница наведе дека законот за „странски агенти“ непропорционално се користи за таргетирање на независни новинари, активисти и невладини организации во последните години.

Државниот регулатор за комуникации „Роскомнадзор“ веќе ја блокираше веб-страницата на оваа публикација во Русија.

Ознаката „странски агент“ бара од медиумите и назначените новинари да објавуваат оградувања за ставките што ги објавуваат и наметнува строги барања за финансиско известување и објавување на нивните податоци…