,,Русија е подготвена да преговара, но…” Путин ги откри условите под кои Москва може да разговара со Европа, САД и Киев

Русија е подготвена да преговара со Европа, Соединетите Американски Држави и Киев но само во согласност со сопствените интереси, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

– Одлично е што оние во Украина, Европа и Соединетите Американски Држави, кои се агресивни кон Русија, сакаат да преговараат, но ние тоа ќе го направиме само врз основа на нашите интереси – рече тој на продолжената седница на колегиумот на Министерството џа одбраната.

Зборувајќи за ситуацијата во Украина, рускиот претседател рече дека историјата ќе стави сè на свое место.

– Нема да се мешаме, но нема да го дадеме тоа што го имаме. Тоа треба да го разберат сите – рекол Путин, пренесува РИА Новости.