Од Реал ни трага ни глас: Баерн го обезбеди најдобриот хирург за Алаба

Давид Алаба тешко се повреди и сезоната заврши за него, што е голем удар за Реал, но и за австриската репрезентација, бидејќи шансите Алаба да заигра на ЕП во Германија се минимални. Интересно е што почесниот претседател на Баерн, Ули Хенес, зборуваше за повредата на Алаба, велејќи дека Баерн „најдобар третман му пружил на својот поранешен играч“.

 – Ние во Баерн се погриживме Алаба да биде оперирана од лекар на кој најмногу му веруваме – изјави Хенес. 

– Во текот на денот се обидов да стапам во контакт со Давид, за жал, не успеав. Во секој случај, се погриживме да биде опериран од најдобриот доктор во Инсбрук.

Иако Хенес не го именуваше, тоа е Кристијан Финк, можеби најдобриот спортски хирург на колена кој своевремено ги оперираше Мануел Нојер и Лерој Сане. Она што е интересно е што актуелниот клуб на Алаба, Реал Мадрид, допрва треба да се изјасни за она што го кажа Хенес.