“РУСИЈА Е ПОДГОТВЕНА ЗА ВОЈНА СО НАТО!“ – Последната порака од Кремљ навестува катастрофа без преседан !?
Последните настани околу Украина ја оставаат Русија со се помалку избор, освен директен конфликт со НАТО, кој се претвори во фашистички блок, порача денес заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
„Се чини дека на Русија и’ остануваат се’ помалку избори, освен директен конфликт со Северноатлантската Алијанса на терен, која се претвори во отворен фашистички блок сличен на оската на Адолф Хитлер, иако во поголеми размери. Подготвени сме, иако резултатот ќе биде постигнат со далеку поголеми загуби за човештвото отколку во 1945 година“, напиша тој во објава на социјалната мрежа Телеграм.
На својот профил на социјалната мрежа Телеграм, тој се осврна на неодамнешниот скандал поради посетата на украинскиот нацист и ветеран на СС дивизијата Јарослав Хунка на канадскиот парламент, како и испораката на тенковите Abrams од арсеналот на НАТО во Украина и ветување за испорака на ракети со долг дострел ATMS на властите во Украина.