– Украинскиот Генералштаб соопшти дека руската војска извела интензивни ракетни и напади со беспилотни летала на повеќе места низ Украина.
Наведено е дека според првичните податоци уништени се 28 од 30 беспилотни летала „Шахед“ лансирани од Русите.
„Окупаторите употребија седум проектили С-300 во и околу Запорожје“, се вели во соопштебието на украинскиот Генералштаб.
Се наведува дека во последните 24 часа руските сили извршиле 45 воздушни напади врз позиции на украинската војска и населени места.
Потврдија дека има повредени цивили и дека нападите биле насочени кон Лиман, Бахмут, Авдијивка и Маринка.
Началникот на Воената управа на Киев, Сергеј Попко, рече дека тревогата за воздушен напад во украинскиот главен град траела повеќе од три часа.
Наведено е дека немаат информации за човечки жртви или предизвикана штета.
„Речиси 20 непријателски цели се уништени во воздушниот простор околу Киев од страна на нашите сили за воздушна одбрана“, додаде Попко.