РУСИЈА ИЗДАДЕ ПОТЕРНИЦА ПРОТИВ ОВОЈ ЧОВЕК – Украинскиот генерал и прв човек на тајната служба се бара за над 100 напади вклучително и удар на Крим

Русија го обвини украинскиот генерал, Кирил Буданов (37 г.), прв човек на воената разузнавачка служба ГУР, за тероризам и го стави на листата на најбарани лица.

Украинските медиуми објавија дека Кирил Буданов бил обвинет во отсуство за терористички дела поврзани со повеќе од 100 напади со беспилотни летала на руска територија и на Крим, украинска територија анектирана од Русија.

Според информациите, Андриј Јусов, портпарол на ГУР, изјавил дека станува збор за некаков вид криза на идентитетот во Русија.

Убеден сум дека Кирило Буданов воопшто не обрнува внимание на ваквите пропагандни заблуди“, вели Андриј Јусов.

Украинските медиуми наведуваат дека Кирил Буданов е поранешен командос кој брзо се проби до самиот врв на украинското воено разузнавање и стана генерал на 35-годишна возраст.

Тој лично тврди дека бил мета на најмалку десет руски обиди за атентат врз него, од кои во еден, при експлозија на автомобил, бил тешко ранет.

Се наведува дека освен Кирил Буданов, за тероризам поради напади со беспилотни летала обвинети се и командантите на украинските воздухопловни сили, морнарицата и 383-та беспилотна авијација бригада.

Истражниот комитет на Русија објави дека се собрани доволно докази за обвинение против военото раководство на Украина за организирање терористички напади.