– Експлозии во хидроелектраната „Каховка“ во близина на Керсон, Јужна Украина, предизвикаа поплави денес, додека Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за уништувањето на браната.
Украинскиот претседател Владимир Зеленски на Твитер напиша дека уништувањето на браната „потврдува пред целиот свет дека тие (руските сили) мора да бидат протерани од секој агол на украинската територија“.
„Сите служби работат. Го свикав Советот за национална безбедност и одбрана“, истакна Зеленски.
Од друга страна, челникот на градот Нова Каховка, на источниот брег на реката Днепар, кој е под руска контрола, преку Телеграм рече дека нападите во текот на ноќта на украинските вооружени сили довеле до уништување на вентилите, а со тоа и за неконтролирано ослободување на водата низводно.