Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, зборуваше за наводите на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека беспилотно летало ја погоди куполата на нуклеарната централа Чернобил во текот на ноќта.
Песков рече дека Русија не изведува напади врз украинската нуклеарна инфраструктура.
„Не се зборува за какви било напади врз нуклеарната инфраструктура. Секое тврдење дека тоа е случај не соодветствуваат со реалноста. Руската војска не го прави тоа“, рече Песков.
Тој додаде дека обвинувањата против Руската Федерација за напади на нуклеарната централа во Чернобил се „уште една измислица“.
Во исто време, тој рече дека режимот во Киев „продолжува да ја напаѓа цивилната инфраструктура“.