Русија најде нов партнер за производство на оружје

Русија и Јужна Африка ќе соработуваат во производството на оружје.

Руската Федерална служба за воено-техничка соработка (ФСВТС) објави дека Русија и Јужна Африка ќе соработуваат на „перспективни проекти“ во областа на заеднички развој и производство на оружје и воена опрема, пренесува РИА Новости.

За проектите се разговараше за време на самитот „Русија-Африка“ на 27 и 28 јули во Санкт Петербург.

ФСВТС објави дека билатералното партнерство ќе резултира со производство на оружје за двете земји, како и за трети страни. Агенцијата не објави детали за проектите, пренесува teletrader.