Русија не е задоволна од начинот на кој се спроведува меморандумот потпишан со Секретаријатот на ОН, изјави заменик министерот за надворешни работи Сергеј Вершинин.
Станува збор за меморандум за бесплатна испорака на руски земјоделски производи и ѓубрива на светскиот пазар.
„Не можеме да бидеме задоволни со спроведувањето на меморандумот Русија-ОН, бидејќи конкретни резултати не се постигнуваат, а ги имаме истите тешкотии и покрај изјавите дека наводно извозот на земјоделски производи и извозот на ѓубрива не подлежат на санкции. рече Вершинин, според Тасс.
Меморандумот за испорака на руски земјоделски производи и ѓубрива на светскиот пазар е склучен меѓу Руската Федерација и Генералниот секретаријат на Обединетите нации, тој се однесува на правото на соодветна исхрана како човеково право и имплицира дека храната не е само стока.
Во документот потпишан од Русија и ОН, се наведува дека меморандумот вклучува извоз на светскиот пазар на суровини со потекло од Русија, кои се потребни за производство на вештачки ѓубрива (амонијак), како и земјоделски производи како одговор на глобалната криза со храна.