Германската царина објави: Ќе ги конфискува подароците кои пристигнуваат од Русија

Германската царина предупреди дека може да ги конфискува божиќните подароци кои пристигнуваат во Германија од Русија, поради потребата да се почитува режимот на санкции.

Во соопштението, царинската служба се повика на регулативата одобрена од Советот на ЕУ на 31 јули 2014 година, пренесува ТАСС.

Затоа, според царинската служба, забранет е увоз на бројни артикли од Русија, меѓу кои предмети од целулоза (хартија), производи од дрво, камења и благородни метали, цигари, пластика и хемиски производи, вклучително и производи како што се козметика.

Германската царинска служба издаде дополнително предупредување до јавноста дека предметите опфатени со гореспоменатата регулатива може да бидат конфискувани на царина.

Сè укажува дека поради таквиот царински режим, играчките и книгите може да се најдат на списокот со предмети што ќе треба да се одземат и чуваат на граничните премини, наведува руската агенција.