“РУСИЈА НЕ МОЖЕ ДА ПОБЕДИ“ – ‘Изненадувачка’ изјава на Виктор Орбан за војната во Украина: “Најважно е да се запре крвопролевањето…“
„И покрај се, унгарската Влада не го менува ставот за Украина и е за итен прекин на огнот и почеток на мировни преговори“, вели премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.
Виктор Орбан изјави дека во војната во Украина досега животите ги загубиле стотици илјади луѓе и дека најважно е да се запре крвопролевањето.
Според него, не може да се започне со креирање мировен план, како што предлага либералната заедница, туку со прекин на огнот, по што треба да се премине на мирни преговори, пренесуваат тамошните медиуми.
Говорејќи на годишниот политички фестивал „Транзит“ во Тихани на брегот на езерото Балатон, Виктор Орбан вели дека конфликтот требало да се организира, наместо да се „глобализира“, но таа позиција ја застапувала само Унгарија.
„Западната стратегија дека Украинците се борат и ги даваат своите животи додека ние снабдуваме пари, информации и оружје – не функционира“, вели Виктор Орбан.
Тој додаде дека – „оваа стратегија не е доволна за да се победи Русија“, но и дека нема нова стратегија.
„Унгарија плати огромна цена за недостатоците во планирањето и стратегијата“, нагласува Виктор Орбан.
И покрај се, унгарската Влада не го менува ставот за Украина и се залага за итен прекин на огнот и почеток на мировни преговори.
Според Виктор Орбан, Унгарија смета дека е неопходно што поскоро да се прекинат воените операции, а потоа да се пристапи кон изработка на светски план за решавање на украинскиот конфликт.