„Сите обвинувања дека Кремљ стои зад смртта на основачот и лидер на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, се апсолутни лаги“, изјави портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков.
Дмитриј Песков за новинарите изјави дека Владимир Путин и Евгениј Пригожин не се сретнале неодамна и дека тврдењата дека лидерот на Вагнер бил убиен по наредба на Кремљ се шпекулации.
Дмитриј Песков исто така додаде дека истрагата за авионската несреќа продолжува.