РУСИЈА ОБУЧУВА ДЕЛФИНИ ДА ЈА БРАНАТ ЦРНОМОРСКАТА ФЛОТА ОД УКРАИНСКИ НАПАДИ: Москва го удвои бројот на цицачи на влезот во Севастопол
Русија го удвои бројот на специјално обучени делфини распоредени за одбрана на Црноморската флота од украинските напади, пишува британски „Телеграф“ .
На влезот во пристаништето во Севастопол се поставени делфински огради за да се спречат украинските нуркачи да се инфилтрираат во поморската база и да ги саботираат воените бродови на Кремљ.
Москва сега двојно го зголеми бројот на делфини на влезовите на пристаништето, пишува весникот. Сега дури седум делфини патролираат низ водите околу пристаништето, во споредба со околу три до четири животни на почетокот на војната.
Делфините се дел од слоевит одбранбен систем кој вклучува мрежи за торпедо, пловечка бариера и противвоздушни ракети.
Руската единица „Црноморски делфини“ беше формирана за време на Студената војна и дојде под контрола на Украина со распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година. Меѓутоа, по анексијата на Крим во 2014 година, таа повторно стана дел од руската морнарица.
„Нашите експерти развија нови уреди кои го претвораат сонарот на делфинот во сигнал за мониторот на операторот“, изјави извор за руската новинска агенција РИА Новости минатата година. „Украинската морнарица немаше средства за такво знаење и некои проекти мораа да бидат затворени.
Морските експерти велат дека делфините го имаат најточниот сонар што ѝ е познат на науката, што им го олеснува наоѓањето мини и други подводни закани. Тие исто така пливаат побрзо од кој било нуркач.
Руската морнарица долго време имаше програма за морски цицачи, но зголемениот број делфини следеше по серијата напади со украински беспилотни летала врз Црноморската флота.
Се верува дека неколку земји ширум светот имаат програми за морски цицачи, вклучително и Соединетите Американски Држави, кои тренираа делфини да откриваат мини, пливачи и да извлекуваат предмети.