РУСИЈА ОБЈАВИ ЛИСТА НА ПРИЈАТЕЛСКИ ЗЕМЈИ – Еве кои се држави може да соработуваат со Руската Федерација

Владата на Руската Федерација одобри список на повеќе од 30 пријателски и неутрални земји, банки и брокери на кои ќе им биде дозволено да тргуваат на рускиот девизен пазар, како и на пазарот на деривати.

Наредбата ја потпишал премиерот на РусијаМихаил Мишустин, се наведува на веб-страницата на кабинетот.

Според владините материјали, на листата на такви земји се Азербејџан, Ерменија, Белорусија, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан, Узбекистан, Алжир, Бангладеш, Бахреин, Бразил, Венецуела, Виетнам, Египет, Индија, Индонезија, Иран, Катар, Кина, Куба, Малезија, Мароко, Монголија, Обединетите Арапски Емирати, Оман, Пакистан, Саудиска Арабија, Србија, Тајланд, Турција и Јужна Африка.