– Русија додели 1,5 милиони пасоши на жителите од украинските регионите што се под руска окупација, изјави денеска рускиот премиер Михаил Мишустин.
Тој додаде дека одлуката е донесена со цел Москва да ја зајакне својата контрола врз тие области.
Некои од жителите на украинските региони за западни медиуми изјавија дека врз нив биле вршени притисоци да земат руски пасош бидејќи тоа станало неопходно за низа административни процедури.
Мишустин ги повика луѓето на окупираните територии „да ги почувствуваат вистинските промени во градовите и селата“, особено во однос на реконструкцијата, „образовните можности“ и работата.
Во септември 2022 година, Русија објави дека анектирала четири региони на Украина, кои делумно ги окупирала по примерот на полуостровот Крим, анектиран од Москва во 2014 година.
Украинските власти ја обвинуваат Москва дека ги користи пасошите за да ја оправда својата самопрогласена мисија за заштита на жителите во Украина кои зборуваат руски.
Европска Унија објави дека нема да ги признае руските пасоши издадени на жителите на окупираните територии на Украина.