Русија официјално соопшти дека нејзиниот амфибиски јуришен брод „Новочеркаск“ денеска бил погоден од Украина во Црното Море.
Руското Министерство за одбрана информираше дека украинскиот напад бил изведен со крстосувачки ракети, лансирани од авион.
Москва, исто така, извести за едно лице убиено и две ранети во украинскиот напад врз пристанишниот град Феодосија на полуостровот Крим, анектиран во 2014 година. Ова го соопшти лидерот на Крим назначен од Русија, Сергеј Аксјонов.
🚨 BREAKING: Mykola Oleshchuk, Commander of the Air Force of Ukraine reports Russia’s Black Sea Fleet Large Landing Ship Novocherkassk (BDK-46) has been SUNK at the Feodosia port in Crimea as a result of this night’s strike.
— Igor Sushko (@igorsushko) December 26, 2023
Footage of this 112.5m long (369 ft) ship from 2020: https://t.co/JC43bdRZGc pic.twitter.com/i3e6pDTW5U
Претходно денеска украинските воздухопловни сили соопштија дека уништиле брод на руската морнарица во Црното Море за кој се верува дека превезувал беспилотни летала Шахед од иранско производство, кои Русија интензивно ги користи во нападите врз Украина. ссм/
фото: Икс принтскрин